Од Армани до Шанел: Црвениот килим на Мостра (Фото)

Италија– Тоалети на италијански дизајнери од Армани до Версаче, доминираа на отварањето вчера на 78. Меѓународен филмски фестивал во Венеција кој годинава се најавува да биде Холивуд во мало.На црвениот ќилим продефилираа и актерки и манекенки. До 11 септември се најавува гламур и присуство на ѕвезди од А-листата.

Само Пенелопе Круз, амбасадор на Шанел, како ѕвезда од филмот „Паралелни мајки“ на Педро Алмодовар со кој се отвори најстариот фестивал на светот, носеше црно-бел фустан нагласен со карнери и пердувести детали од најновата колекција.