„Црешите и интимните односи се клучот на долгиот живот“: Баба прославила 102 години и објаснила како надживеала цел еден век
Бабата која го прослави својот 102 роденден ја откри тајната на долгиот живот!
Џојс Џекмен на 9 мај оваа година го прослави својот 102 роденден и раскажа како успеала да живее повеќе од еден век. Како што вели, за неа тајната на долгиот и среќен живот се интимните врски.
И поранешната готвачка на британските кралски воздухопловни сили не се воздржуваше кога зборуваше за животот повеќе од еден век. Оваа пензионерка му рекла на персоналот на старечки дом дека „добрите јадења и црешите“, како и чоколадото, се од витално значење за долг живот.
Џојс го прослави својот 102 роденден со семејството во дом за стари лица кое ја изненади со роденденска торта.
„Не ми се верува дека имам 102 години, сето чоколадо што го јадам сигурно помогна!“ – низ смеа рекла оваа баба. Сите што ја познаваат имаат пофални зборови за неа. Таа е омилен жител на домот, секогаш е весела, насмеана и хуморот и е силна страна.
Баба Џојс го надживеа својот сакан од детството, Теренс Џекман, со кој се омажи во 1945 година. Иако парот никогаш немал деца, Џојс уживала во чување деца во нејзиното соседство, а исто така работела во продавница за слатки пред да се приклучи на Кралското воздухопловство како готвач во Втората светска војна.