Ципрас до Туск: ЕУ да ги осуди активностите на Турција и да преземе мерки
Европскиот совет на 20 и 21 јуни да ги осуди незаконските активности на Турција во кипарската ексклузивна економска зона, побарал грчкиот премиер Алексис Ципрас од претседателот на советот Доналд Туск за време на нивниот денешен телефонски разговор, јави дописничката на МИА од Атина.
Како што соопштуваат од кабинетот на грчкиот премиер, Ципрас во разговорот истакнал дека Европскиот совет треба да разгледа „конкретни мерки против инволвираните во незаконските активности, доколку Турција инсистира на прекршување на меѓународното право“.