Циметот прави чуда во борбата против вишокот килограми, но само доколку вака се користи


Циметот, како еден од најстарите зачини, е одличен за подготовка на десерти, а освен што е вкусен и здрав, помага и при слабеење.

Со употреба на цимет, велат експертите, лачењето на инсулин ќе биде под контрола, што ќе овозможи успешно топење на масните наслаги. Исто така, циметот помага при слаба дигестија и има ефект на намалување на триглицеридите и лошиот холестерол во крвта, покажаа студиите

Циметот ја регулира количината на шеќер во крвта и со тоа ја намалува желбата за јаглени хидрати, што е многу важно за одржување диета. Го зајакнува имунитетот, ја ублажува болката предизвикана од артритис, го потиснува ширењето на леукемијата и канцерогените лимфомски клетки, ја подобрува мозочната активност.

Како да користите цимет ако сакате да изгубите тежина?

Најдобро е да користите чај со цимет и малку мед.

Подготовка:

Истурете 1 лажица мелен цимет врз чаша врела вода. Почекајте малку да се излади, а потоа додадете 2 лажици мед. Оставете на ладно место.

Пијте половина чаша наутро на празен стомак, а другата половина навечер пред спиење.

Исто така, можете да додадете цимет во лимонада.