Човекот кој ја направи „најгледаната фотографија досега“ жали за едно


Фотографот Чарлс О’Рир ја направи „најгледаната фотографија досега“, а за една работа се покаја.

О’Рир ја направи,  она што се смета за „најгледана фотографија“ во светот, во јануари 1996 година, кога беше на пат да ја посети својата сопруга Дафне Ларкин, со која е повеќе од 20 години.

Тој возел од својот дом во Света Елена, Калифорнија, до Ларкин, во округот Марин, истакнувајќи дека често застанувал да фотографира бидејќи пејзажот на патот бил „прекрасен“.

Оваа фотографија се викаше Bliss и прикажува живописен поглед на зелени ридови, придружени со сино небо и меки бели облаци.

Фотографијата на О’Рирс заврши кај ко-основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, кој ја користеше како позадина за Windows XP, откако групата Corbis на Гејтс ја купи фотографијата во 1998 година. Овде доаѓа до израз жалењето на О’Рир за фотографијата.

Иако точната бројка не е позната, Microsoft плати нешто повеќе од 100.000 долари за фотографијата. Сепак, О’Рир посакува да преговарал подобро.

„Да знаев колку ќе стане популарна фотографијата и на колку компјутери ќе биде вклучена, требаше подобро да преговарам и да кажам: „Дајте ми само цент секој пат кога некој ќе ја види фотографијата и тоа ќе беше добра работа“, рече тој.