Четири лица загинаа при пад на медицински авион во американската држава Аризона

Авион за медицински транспорт со четири лица се урна и се запали вчера во близина на аеродром во американската држава Аризона, при што загинаа сите патници, соопштија локалните власти.
Малиот авион со пропелер се урна во близина на аеродромот Чинле во северниот дел на државата додека бил на пат да земе пациент од болница, соопшти локалната полиција во соопштение на Фејсбук. Причината за падот е сè уште под истрага.
Ен -Би-Си Њуз, повикувајќи се на операторот на авионот CSI Aviation, објави дека меѓу загинатите има двајца пилоти и двајца здравствени работници.