Често ве касаат комарци? Ова е нивната „омилена“ крвна група
Дали некогаш сте забележале дека комарците каснуваат некои луѓе повеќе од другите? Делумно зависи од крвната група.
Секоја крвна група има одредени карактеристики. Понекогаш го зголемува ризикот од добивање на одредена болест, а постојат теории дека крвната група дури ги одредува нашите карактерни црти.
Досега се направени некои истражувања кои покажаа дека се работи за нулта крвна група. Сепак, експертите проценуваат дека зачестеноста на каснување од комарци зависи од многу фактори.
Комарците можат да бидат привлечени од мирисот на вашето тело. Одредени бои што ги носите можат да бидат привлечни и за комарците. Сегашните истражувања покажуваат дека најмногу ги привлекуваат црните или другите темни бои.
Луѓето кои консумираат алкохолни пијалоци може да бидат попривлечни за комарците. И се покажа дека трудниците се особено привлечни за комарците.
Комарците можат да пренесат сериозни болести, па затоа е важно да се заштитите од нив, без разлика на крвната група и други фактори.