Чешка со најголем дневен пораст на новозаразени од почетокот на пандемијата


Во Чешка денеска е забележано најголемо дневно зголемување на бројот на заразени со коронавирусот од почетокот на пандемијата – 1.541 лице.

Ова е петти ден по ред во кој властите во Чешка пријавуваат повеќе од 1.000 нови случаи на коронавирус, и во моментов има најбрзо зголемување на бројот на лица заболени од Ковид-19 меѓу европските земји.

Владата ги заостри мерките поврзани со носење заштитни маски, но и натаму се обидува да избегне воведување строги мерки на карантин.

Во Чешка, од почетокот на пандемијата се заразени 35.401 лице, а кои 453 починаа.