Царовска: Учењето не значи учебник
По информациите дека некои ученици од четврто одделение во Скопје немаат учебници, ниту таблети, а и ученици во шесто одделение немаат учебник по историја, министерката за образование Мила Царовска вели дека има многу начини да се учи, а тоа не значи само постоење учебник.
– Учениците имаат и таблет, учениците имаат и учебници. Родителите, наставниците и администраторите имаат обврска да ги пуштат дигиталните учебници на постојните таблети во училиштата кои што се во библиотечниот фонд и таблети и ги пуштаат по вибер групи до родителите за тие да ги инсталираат. Јас имам дете во четврто одделение и учениците се спуштени и тука немаме никаков проблем дека учебници ќе има – рече Царовска, денеска од средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“.
– Учењето не значи учебник. Многу е значајно новата концепција да ја промени парадигмата на учење. Тоа е новата идеја на концепт на учење. Учиме преку истражување, учиме преку практикува и учиме преку сикусија и анализа на различни содржини кои се наоѓаат на различни извори на информирање за да тоа што ќе го научиме, утре знаеме да го употребиме – вели Царовска.
Таа смета дека токму заради ваквиот принцип на учење на „препис на лекција од учебник во тетратка“ имаме најтрагични резултати меѓународните тестирања на достигнувањата на учениците.(Б.Б.)