Бурата Умберто прерасна во ураган од прва категорија


Тропската бура Умберто се засили во Атлантскиот океан и прерасна во ураган од прва категорија , соопшти доцна синоќа американскиот Национален центар за урагани, јави ДПА.

Ураганот е лоциран на околу 1.260 километри западно од Бермуда, со максимална сила на ветрот од 120 километри на час.

Ураганот се движи во правец северисток со бризина од шест километри на час.

Умберто се очекува да остане настрана, бидејќи утре и задутре се префрла на северо-исток, поштедувајќи ги жителите на Бахамите – каде негови делови веќе беа уништени од неодамнешниот ураган Доријан.

Но, Умберто веројатно ќе се засили уште повеќе, откако синоќа прерасна во ураган, соопшти Центарот за урагани.

Бермуда, се чини, овој пат лежи на неговиот пат, но засега не е јасно какво влијание тој може да има врз оваа британска територија во северниот Атлантик.

Умберто вчераутро имаше ветрови со бризина од 100 километри на час, соопшти Центарот за урагани. Тоа предизвика наноси по должината на југо-источниот брег на САД, а луѓето кои живеат во регионот беа предупредувани да се подготват за пороен дожд и потенцијално поплавување.

Претходно овој месец, ураганот Доријан разурна повеќе населби на Бахамите, при што најтешко погодени беа островите Гранд Бахама и Абако. Околу 1.300 луѓе исчезнаа, а официјалниот број на загинати од 50 се очекува значително да се зголеми