Бухова не гледа основа за тужбата на Пецаков


 

Пецаков, при тестирање за патување во странство добил позитивен резултат на Ковид 19, по завршувањето на богојавленските свечености во Охрид, на кои тој присуствуваше. Веднаш потоа тој направил уште еден PCR тест во истата установа, Центар за јавно здравје – Охрид, кој бил негативен.

„Од октомври 2020 однесувањето на лица кои одат на тестирање и нивно однесување до добивање на резултатотот е ставено во член од закон. Зарем треба да си дозволуваме да толкуваме закон?

Член 28 во Закон за заштита на население од заразни болести ја толкува уредбата која веќе сите медиуми ја пренесоа. Лице кое оди да се тестира на ПЦР тест е задолжително да седи во самоизолација до добивање на резултатот на тестот“, рече претпладнево Бухова во емисијата „Утрински брифинг“.

 

Пецаков на својот фејсбук-профил претходно појасни дека не чувствувал никакви симптоми, но оти ПЦР тестирањето го направил заради потреба од патување во странство. Од друга страна, директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат за неколку медиуми изјави дека Пецаков морал да се изолира додека го чекал тестот.