Бугарија: Во нова анкета коалицијата на Радев ја зголемува предноста пред ГЕРБ


 

Доколку изборите се одржат сега, пет политички сили би влегле во бугарскиот парламент, а уште две се на работ, но под прагот од 4 отсто, покажува нова анкета спроведена од агенција „Мера“. Коалицијата на Румен Радев би била првата политичка сила со 33,3 отсто, по што следува ГЕРБ со 18,9 проценти. Така, разликата помеѓу првата и втората политичка сила е 14,4 процентни поени.

Анкетата е спроведена помеѓу 9 и 15 февруари 2026 година меѓу 812 испитаници.

Според резултатите, каолицијата ПП-ДБ останува трета со 12,7 проценти поддршка, по што следува ДПС-Нов почеток на Дељан Пеевски со 10,7 проценти.

Петтата политичка сила е националистичката Преродба со 6,8 отсто. Меч (3,9%) и БСП (3,7%) се малку под бариерата од четири проценти за влез во парламентот.

„Податоците не се прогноза за резултатот од изборите, туку слика со многу непознати. Изборната група беше на врвот на скандалот со Петрохан и само делумно можеше да го одрази влијанието на изборот на Крум Зарков за претседател на БСП“, истакнува „Мера“.