Бугарија: Владата на ГЕРБ не помина во собранието, пак ќе има избори


 

Бугарското собрание го отфрли предлогот на ГЕРБ за премиер Росен Желјасков и со тоа не требаше да се гласа за составот на предлог-кабинетот.

Розен Желјазков беше поддржан од 98 пратеници, 138 беа против, двајца воздржани.

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, иако ја најави владата тој уште од почетокот не сакаше таа да биде поддржана само од партијата на Турците ДПС и озлогласениот Делјан Пеевски и инсистираше на учество на реформистите од ПП-ДБ. На расправата тој повторно го потврди својот став.

Пеевски го одби барањето на почесниот претседател на ДПС, Ахмет Доган, да не ја поддржи предлог-владата на ГЕРБ, но не можеше да обезбеди поддршка за нејзиниот избор.

Пратеничката група на ДПС не го послуша Пеевски. Вкупно 30 пратеници од ДПС беа „за“, а 14 – „против“, еден воздржан. Сите пратеници на ГЕРБ, 68, гласаа за поддршка.

Бојко Борисов најави дека политичкиот систем во Бугарија е во криза и повика да се оди на избори.

Така, Борисов нема да владее повторно по изборите што ги доби неговата партија и ја турка земјата кон нови предвремени избори.

Расправата за предлог-кабинетот се претвори во судир меѓу ГЕРБ и ПП-ДБ, при што пратениците на Борисов се натпреваруваат со напади и навреди против оние кои наводно ги сакаат за партнери.

Николај Денков од ПП-ДБ коментира дека предложениот предлог-кабинет е „влада на ГЕРБ, дополнета со неколку министри на Пеевски“ и го спореди со владата на Борисов, која предизвика масовни протести.