Бугарија со најмала плата во ЕУ, балканските земји колку неа или со повисоки


Минималните плати во земјите-членки на ЕУ се движат од 332 евра месечно во Бугарија до 2.202 евра месечно во Луксембург, објави денес Евростат. Според  табелата, Бугарија останува земја во Европската унија со најниска минимална плата иако пресметано што може да се купи со неа, излегува речиси двојно повеќе – 623 евра. Сепак, според куповната моќ Бугарија повторно има најнизок резултат во ЕУ, иако пред една година Летонија го држеше тоа место. Евростат прави споредба и со минималните плати во Западен Балкан и САД, од што се гледа дека зад Македонија заостанува само Албанија, но балканските земји речиси се на исто ниво или подобри од последната членка на ЕУ, Бугарија.

Со податоците се опфатени само 21 земја ќленка на ЕУ бидејќи нема минимална плата во 6 земји – Финска, Шведска, Данска, Италија, Австрија и Кипар. Во апсолутна смисла разликата помеѓу Бугарија која е на дното и Луксембург кој е на врвот – е 6,6 пати. Но, кога ќе пресметате што можете да купите со овие евра, разликата се намалува на 2,7 пати, бидејќи луксембуршките 2.202 евра всушност имаат куповна моќ од 1.668 евра. (За споредба, минималната плата на САД во јануари беше 1.024 евра).

Евростатод аспект на минималната плата ги дели земјите на Унијата во вкупно 3 групи:

– над 1.500 евра месечно: Франција (1.555 €), Германија (1.614 €), Белгија (1.626 €), Холандија (1.685 €), Ирска (1.724 €) и Луксембург (2.202 €).

– 700-1500 евра месечно: Грција (758), Португалија (776), Малта (785), Словенија (1024) и Шпанија (1108).

– помалку од 700 €: Бугарија (332 €), Унгарија (442 €), Романија (458 €), Летонија (500 €), Хрватска (563 €), Чешка (579 €), Естонија (584 €), Полска 614), Словачка (623 евра) и Литванија (642 евра).