Бучковски: Верувам дека со Бугарија можеме да најдеме решение за нашата иднина
Македонската Влада е свесна дека треба да изготви патоказ за да покаже дека е цврсто посветена на имплементацијата на Договорот за добрососедство со Бугарија, изјави поранешниот премиер и актуелен специјален пратеник за Бугарија, Владо Бучковски.
Во интервју за БНР, Бучковски рече дека тимовите на двете министерства за надворешни работи на Северна Македонија и на Бугарија работат на формулациите и оти верува дека може да се најде решение.
-Верувам, и знам дека додека ние разговараме, тимовите на министерствата за надворешни работи – на Бугарија и на нашето, работат на формулациите коишто ќе покажат дека и без поддршка од кого било, макар што, во моментов го имаме претседателството на Германија, кое е голема поддршка, ние од Западниот Балкан, ние соседите кои имаме заедничка историја, можеме да најдеме решение за нашата заедничка иднина, вели Бучковски за БНР.