Брз оброк за зајакнување на вашата крвна слика

Доколку сте решиле да се храните здраво, мора веднаш да го пробате овој појадок.
Доколку барате рецепт за посен појадок или оброк, ова е вистинскиот рецепт за вас.
Неопходно е:
300 грама варени компири
2 китки блитва или околу 100 грама спанаќ (уште подобро ако имате коприви)
100 грама печурки
1 главица кромид
сол и бибер, маслиново масло
1 јајце (ако постите, исфрлете го јајцето од рецептот)
Подготовка: Исчистете ги компирите и варете ги во солена вода. Кон крајот додадете измиена и сечкана блитва или спанаќ. По 2 минути се процедува и се префрла во сад. Врз варените компири додадете сечкани печурки, свеж кромид и зачини. Измешајте го. Преку него исечкајте меко варено јајце, намачкајте го, додадете магдонос по желба и уживајте во топол и здрав појадок.