Бројот на заразени со корона вирус во БиХ падна под 1.000, се стабилизира ли состојбата?

Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа регистрирани се 940 новозаболени, а починаа 37 пациенти.
Ден порано имаше 1.286 новозаразени, а 34 починати.
Во Федерацијата тестирани се 2.391, а 566 биле позитивни. Досега тестирани се 303.190, а корона вирусот е потврден кај 64.033 лица.
До денеска излечени се 43.526 пациенти, а актвини се уште 18.705 случаи. Пријавени се 16 нови смртни случаи, или вкупно 1.802.
Во Република Српска тестирани се 885,а корона вирусот е потврден кај 346 лица.
Пријавени се 19 смртни случаи или вкупно 1.340. Досега Ковид-19 е потврден кај 33.271.
Оздравеа 19.149, а тестирани се вкупно 147.429 лица.
Во Брчко има 28 нови случаи, а починаа двајца.