Бројот на загинати во земјотресот во Мароко се искачи на речиси 2.901
Бројот на загинати во земјотресот што го погоди Мароко минатата недела се искачи на 2.901, додека бројот на повредени е повеќе од двојно зголемен на 5.530, јави денеска мароканската државна телевизија.
Голем број преживеани се наоѓаат во импровизирани засолништа откако поминале четири ноќи на отворено.
Спасувачите од Шпанија, Велика Британија и Катар им помагаат на мароканските спасувачки тимови, додека Италија, Белгија, Франција и Германија изјавија дека нивните понуди за помош допрва треба да бидат одобрени.