Бројот на смртни случаи од последици од Ковид-19 во светот надмина 900.000


Според податоците на интернет страницата Worldometers, бројот на луѓе кои досега починале од последици од Ковид-19 во светот надмина 900.000.

Од вкупно 27.681.757 луѓе кај кои е потврден корона вирусот, досега починале 900.004 пациенти.

Од почетокот на пандемијата, излекувани се 19.733.597 лица.

На прво место во светот според бројот на заразени лица се САД со потврдени 6.504.531 случај, а земјата има и најмногу смртни случаи од последици од Ковид-19, односно 193.867.

Со регистрирани 4.367.436 случаи, Индија е на второ место во светот по бројот на заразени, по што следува Бразил, каде коронавирусот досега е потврден кај 4.162.073 лица.

На второ место според бројот на смртни случаи е Бразил со 127.464 починати, додека Индија, каде починаа 73.923 пациенти, е на трето место.