Бројни случаи на семејно насилство во последното деноноќие
Ги тепале сопругите, совите деца, внук натепал дедо… Сите овие случаи на семејно насилство се нотирани во денешниот полициски билтен. Пријавите стигнувале од жртвите, полицијата постапувала, но насилството во семејствата никако да спласне.
Така, ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Ш.А. (20) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 21.06.2026 пријавениот во семејниот дом во Кочани физички го нападнал неговиот 74-годишен дедо, откако претходно му побарал пари, но не ги добил, а потоа му упатувал ѝ закани.
На 14.07.2026 во 05:40 часот во Полициската станица Гостивар е пријавено дека во близина на угостителски објект во Гостивар, Н.С. (45) ја нападнал неговата 43- годишна сопруга, при што употребил остар предмет. Од страна на судија во претходна постапка, на Н.С. му е одредена мерка притвор, по што е спроведен во КПУ Затвор Скопје.
На 14.07.2026 во 18:10 часот полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишија од слобода Д.Ј. ( 31) од Крива Паланка, затоа што агресивно се однесувал и им се заканувал на неговите родители. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
На 14.07.2026 во 23:50 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Х.В. (26) од село во Општина Старо Нагоричане, затоа што физички ја нападнал неговата 57- годишна мајка. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
На 15.07.2026 во 06:40 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода С.Д.(38) од Штип, по претходна пријава дека во семејниот дом физички го нападнал малолетниот син. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
На 14.07.2026 во 19:10 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода Р.С.(39) од Штип, по претходна пријава дека околу 18:30 часот пред семејниот дом на неговата 35-годишна поранешна сопруга, фрлал тврди предмети, а потоа физички ја нападнал. По целосно документирање на случајот ќе следуваа соодветна пријава.
На 14.07.2026 во 21:10 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со М.И.(42) од Скопје, по претходна пријава од неговата поранешна 36-годишна сопруга дека во временски период од 2023 до 03.07.2026, тој физички и психички ги малтретирал нивните малолетни деца. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 14.07.2026 во 17:40 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со М.Ј.(44) од Скопје, по претходна пријава дека во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром, физички ја нападнал неговата 39-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.