Бритни Спирс по 14 години надзор и официјално е слободна


САД- Поп- ѕвездата Бритни Спирс (39) е официјално слободна. По речиси 14 години,  посебниот надзор од денеска и е прекинат. Судијката Бренда Пени го раскина правниот договор за време на сослушувањето вчера попладне, прифаќајќи го претходното барање на поп-ѕвездата тој да заврши без дополнителни ментални проценки.

„Надзорот на лицето и имотот на Бритни Џин Спирс повеќе не е потребен“, изјави судијата, според Њујорк Тајмс.

Бритни сподели видео од стотиците поддржувачи на #FreeBritney кои вчера беа пред судот во Лос Анџелес.

„Толку многу ги сакам моите обожаватели што е лудост“, напиша таа на објавата. „Мислам дека ќе плачам остатокот од денот !!!! Најдобриот ден досега…“

Адвокатот на Бритни, Метју Розенгарт, кој беше назначен пред само четири месеци, им се обрати на новинарите по сослушувањето – кое траеше помалку од 30 минути.

„Што е следно за Бритни, а ова е прв пат да се каже за околу една деценија, зависи од една личност: Бритни“, рече тој додека толпата поддржувачи на #FreeBritney навиваше. Розенгарт истакна дека пејачката е поставена на позиција „да успее“ по надзорната функција.

„Имаме безбедносна мрежа за Бритни, и од лична и од финансиска страна“, додаде тој. „Но, Бритни од денес е слободна жена и таа е независна жена, а остатокот, со нејзиниот систем за поддршка, ќе зависи од Бритни“.

Бритни и нејзиниот мултимилионски имот беа под контрола на таткото Џејми Спирс повеќе од една деценија, а неговата улога исто така беше прекината. Овластениот јавен сметководител Џон Забел, на кој му беше одобрено привремено да ја преземе функцијата заштитник на имотот во септември, ќе остане за да обезбеди непречена транзиција во однос на финансиите на Бритни.

„Оваа недела ќе биде многу интересна за мене“, напиша Бритни во сега избришаната објава на Инстаграм претходно оваа недела. „Не сум се молела за нешто повеќе во мојот живот. Знам дека кажав некои работи на мојот [Инстаграм] од гнев и дека сум само човек и верувам дека и вие би се чувствувале исто ако сте на мене. “

Скоро сите вклучени во надзорната управа јавно го поддржаа распуштањето на надзорот пред очекуваното сослушување вчера, вклучително и Џејми, мајката на Бритни, Лин Спирс и Џоди Монтгомери,задолжена за надзор на лицето. Монтгомери работеше со Розенгарт на, како што тој го нарече „план за раскинување“ во судските поднесоци минатиот месец.

„Слободата на Бритни од надзор е одамна задоцнета. Беше зачудувачки да се види некој на нејзина позиција принуден на позиција на злоупотреба толку долго“, изјави адвокатот Хари Нелсон, управен партнер на Нелсон Хардиман од Л.А., за Yahoo Entertainment.

Надзорот беше вклучен во февруари 2008 година, откако низа вознемирувачки инциденти го ставија однесувањето на Бритни во центарот на вниманието. Додека работеше низ различни лични предизвици, никогаш не ѝ беше дадена шанса да ја врати контролата врз нејзиниот живот, финансиски или лично. Но, по сведочењето на Бритни на 23 јуни, во кое таа го повика „навредливиот“ надзорник и рече дека нејзиниот татко и менаџерскиот тим треба да бидат во затвор, работите брзо се движеа.