Британскиот музеј собра четири милиони евра за привезокот на Хенри VIII


Лондон- Британскиот музеј успешно купи златен привезок во облик на срце поврзан со Хенри VIII од династијата Тјудор и неговата прва сопруга Катерина Арагонска, откако собра четири милиони евра преку јавни донации и средства.

Артефакт од 16 век, откриен во 2019 година во Ворикшир, сега ќе биде во јавна колекција, објавува Скај њуз.

Повеќе од 45.000 членови на јавноста донираа средства, а најголемиот придонес дојде од Националниот фонд за споменици на наследството – два милиони евра, Фондот на Џулија Раузинг – 575.000 евра и Американските пријатели на Британскиот музеј – 345.000 евра.

Музејот планира да го додаде привезокот, познат како „Тјудорско срце“, во својата постојана колекција и да го прикаже на турнеја низ Велика Британија.