Британскиот министер за одбрана поднесе оставка
Лондон – Британскиот секретар за одбрана Бен Валас испрати писмо со оставка до премиерот на земјата Риши Сунак по четири години на функцијата.
Ова се наведува во документот објавен од владата на Велика Британија во четвртокот.
Потегот на Валас може да предизвика мини реконструкција.
Откако ја објави својата намера да се повлече од кабинетот претходно ова лето, Валас потврди во писмо до премиерот Риши Сунак, во четвртокот наутро дека дава оставка за да „инвестира во деловите од животот што ги запоставив и да истражам нови можности“.
Овој потег значи дека премиерот мора да го замени Валас, со кандидати меѓу кои и економскиот секретар Џон Глен и поранешниот секретар за одбрана Лиам Фокс.