Британската влада казнета половина милијарда фунти за објавување лични податоци
Канцеларијата на Комесарот за информации ја казни владата на Обединетото Кралство 500.000 фунти заради откривањето детали за примателите на т.н. „Новогодишни почести“, меѓу кои беа вклучени Елтон Џон и поранешниот лидер на Конзервативната партија Данкан Смит.
Казната дојде откако владата објави листа со податоци на интернет во која се содржани имињата и нередактираните адреси на повеќе од 1.000 луѓе во списокот со почести, што е список на Британци кои се истакнале во својата област.
„Неуспехот на владиниот кабинет да го спречи ризикот од прекршување на принципот за приватност на податоците значеше дека стотици луѓе беа потенцијално изложени на ризик од злоупотреба на идентитетот и закани по нивната лична безбедност“, рече Стив Екерсли, истражен директор.