(Видео) Британската полиција го уапси Асанж


Британската полиција денеска соопшти дека го уапсила основачот на Викиликс, Џулијан Асанж.

Како што јави ДПА, Асанж бил уапсен откако ја напуштил зградата на Еквадорската амбасада во Лондон, каде престојуваше изминативе седум години.

„Џулијан Асанж, 47, денеска, четврток 11 април, е уапсен од офицери на Метрополитен полицијата во Амбасадата на Еквадор“, велат од полицијата.

Од таму соопштија дека Асанж е уапсен откако бил „поканет во амбасадата од страна на амбасадорот, откако еквадорската влада го повлече азилот“, јави Ројтерс.