Британија воведува дигитални лични карти, ја отежнува нелегалната работа


Британската влада денес објави дека ќе воведе дигитални лични карти за своите граѓани и жителите на Обединетото Кралство, нагласувајќи дека целта е борба против нелегалната работа.

Британската влада денес објави дека ќе воведе дигитални лични карти за своите граѓани и жителите на Обединетото Кралство, нагласувајќи дека целта е борба против нелегалната работа.

Дигиталните лични карти, кои нема да имаат физичка верзија, туку ќе бидат регистрирани во мобилните телефони, „ќе го отежнат нелегалното работење во земјата, а исто така ќе им понудат на граѓаните голем број придобивки како што е можноста да го докажат својот идентитет за брз пристап до основните услуги“, напиша во соопштение лабуристичкиот премиер Кир Стармер.

Министерката за култура Лиза Нанди изјави дека сите британски граѓани ќе мора да имаат дигитална лична карта и дека таа ќе биде задолжителна за луѓето кои сакаат да работат во земјата, пренесува Би-би-си.