Британија: Рускиот напредок последните денови е минимален
Руските сили на сите фронтови, на копно, на море и во воздух, последните денови остварија минимален напредок во својата инвазија на Украина, процени британската разузнавачка служба во последниот извештај.
2Украинскиот отпор останува непоколеблив и добро координиран. Голем дел од украинската територија, вклучително и сите градови и понатаму се во рацете на Украинците“, објави британското министерство за одбрана.
Русите велат дека изгубиле 500 војници, Американците тврдат – 7.000
Во извештајот се додава дека руските сили оствариле минимален напредок на копно, на море и во воздух последните денови, и продолжуваат да имаат големи загуби.
Украинската војска вели дека руските напори се пренасочени на воздушни напади и ракетирање цивили, затоа што биле неуспешни во копнените операции. Москва признава дека изгубила околу 500 војници, додека американските разузнавачки служби зборуваат за околу 7.000.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во најновото ноќно обраќање рече дека руските губитоци во Украина се поголеми отколку во Сирија, Чеченија и во Авганистан.