Британец освои 39 милиони фунти на лотаријата „Јуромилионс“
Еден среќен добитник во Велика Британија освои џек пот на лотаријата „Јуромилионс“ и влезе во Новата година побогат за 39 милиони фунти.
Уште десет играчи освоија по еден милион фунти во специјалното новогодишно извлекување, изјави претставникот на Националната лотарија, Енди Картер.
– Колку прекрасен почеток на 2021 година за играчите на лотаријата „Јуромилионс“ во Обединетото Кралство, истакна Картер.
Добитната комбинација ја сочинуваат броевите 16, 28, 32, 44 и 48, како и т.н. „среќни ѕвезди“ 1 и 9.