Британците се шегуваат со сагата наречена „премиер“
Откако помина 44 дена како премиер на Обединетото Кралство и заработи прекар “фуснота“ на списокот на лидери во оваа земја, Лиз Трас зад себе остави можност Борис Џонсон повторно да се врати на сцената. Ваквите политички пресврти Бритаците вообичаено ги коментираат со хумот, па така денес се појави пост на твитер во тој стил со маче кое објавува дека станало премиер.
„Кралот ме замоли да станам премиер затоа што оваа глупост трае доволно долго“, изјавува ова домашно милениче.
„Мојот син доживеа четири канцелари, три министерки за внатрешни работи, двајца премиери и двајца монарси. А, има четири месеци!„- е еден од твитовите на оваа тема.
На истата мрежа се појави и „збунетиот Путин“ кој се труди да сфати што е тоа „оставка“ и како се прави.