„Бриџстоун“ ги претстави новите тркала за месечевите ровери (видео)

Познатиот јапонски производител на тркала и гуми, „Бриџстоун“ (Bridgestone) ја претстави новата генерација тркала за месечеви ровери. Има два модела: Едниот е дизајниран за мал ровер, а другиот – за возило со средна големина.
Новите производи ги надополнуваат претходните концептни тркала за месечевите ровери. Користењето гуми на Месечината не би било рационално поради екстремните температури и интензивното УВ-зрачење, што брзо би ги разложило таквите хемиски соединенија. Затоа и двата модели тркала се направени од метал.
Од нив, првиот е за лесни ровери и содржи помалку краци, а вториот има посложена структура и е наменет за ровери со средна големина што ќе може да се движат по тежок терен.
Во 2024 година, јапонската компанија претстави модел со флексибилна внатрешна структура и слоеви од „челична волна“. Сепак, првата генерација најмногу наликуваше на конвенционалните гуми за копнени возила со целосно затворена спирална растеглива структура.