Бред Пит по стапките на Клуни: Пиењето кафе е прашање на стил (фото)

САД– Оскаровецот Бред Пит тргна по стапките на својот пријател, ѕвездата на „Неспресо“ – Џорџ Клуни, потпишувајќи договор со италијанскиот производител на кафе и апарати за домаќинство, „Де’Лонги“. Оттаму го најмија Пит како нов претставник, „амбасадор“ на брендот, се вели во соопштението на компанијата.
– Нашата група доживеа извонреден деловен бум во последниве години, и во таа експанзија, сегментот на еспресо машини за домаќинства ја презеде средишната улога, рече извршниот директор на компанијата, Масимо Гараваља.
Акциите на „Де’Лонги“ пораснаа за 1,9 отсто на берзата во Милано кусо по објавувањето и сега изнесуваат 39,48 евра. Италијанската компанија објави дека почнале со меѓународна кампања за својот бренд за кафе, со видеоспот во режија на филмскиот режисер на „Ла-Ла Ленд“, Демијен Шазел, со Пит во главна улога.
Кинематографот Лајнус Сандгрен е задолжен за уметничкиот изглед на кампањата. Музиката ја напиша Џастин Хурвиц, познат по долгогодишната соработка со Шазел. Сите тие се „оскаровци“.
-Сакав да работам со Де’Лонги затоа што го ценев нивниот пристап за кампањата – тие имаат доверба во нивниот производ и сакаат да ја прослават уметноста на своето италијанско наследство без да претеруваат “, сподели Пит за „Пипл“ за новиот ангажман. Концептот на Шазел резултираше со прекрасен производ – исто како и нивните машини за кафе, создавајќи индиректен поздрав кон елеганцијата, дизајнот и хармонијата што брендот природно ги отелотворува “.
“Вниманието на Де’Лонги кон деталите ме тера да го ценам брендот уште повеќе. Тој вид на промисленост е карактеристична вредност на италијанскиот дизајн – како дизајнирате нешто за луѓето што ќе го доживеат: одредени детали кои можеби нема да бидат веднаш очигледни, но на крајот имаат големо влијание врз вас и вашиот живот “, рече Пит, љубител на дизајнот и архитектурата.