Бред Пит и Џорџ Клуни во нов трилер на „Епл“

САД- Бред Пит и Џорџ Клуни се обединуваат по трилогијата на „ Ocean“ и „ Burn After Reading “ за нов трилер од режисерот на трилогијата „ Спајдермен“, Џон Вотс.
Deadline известува дека трилерот, кој нема уште наслов и неговата приказна се крие, бил во центарот на војната помеѓу филмските студија. „Епл“ победи во војната за многу пари, а дел од договорот вклучува и кино проекција, како и нивната стриминг услуга „Епл ТВ+“.
Бред Пит беше во центарот на гласините дека ја обновил својата романса со Џенифер Анистон, но Анистон ги прекинала муабетите за тоа неодамна, наведувајќи: „Зборуваме, и воопшто нема чудно, освен сите што веројатно го гледале и сакале да има или претпоставувале дека постои нешто повеќе од тоа“.
Во меѓувреме, Клуни и неговата сопруга Амал ги негираа гласините дека очекуваат уште едно бебе заедно, со изјава од двојката која гласеше: „Приказните дека Амал Клуни е бремена не се вистинити“.
Тој, исто така, негираше дека некогаш ќе ја повтори својата улога како Бетмен, иако Мајкл Китон се враќа за претстојниот филм The Flash.