Бразил со нов негативен рекорд на починати од Ковид-19, Болсонаро и понатаму против мерките
Бразил забележа повеќе од 4.000 смртни случаи поврзани со Ковид-19 за 24 часа, додека уште позаразната варијанта на вирусот го поттикна и растот на бројот заразени, јавува Би-би-си.
Болниците се преплавени, а луѓето во некои градови умираат додека чекаат лечење.
Вкупниот број досега починати во земјата изнесува речиси 337.000. Само САД имаат повеќе мртви.
Здравствениот систем на Бразил – земја со 210 милиони луше – колабира или е на работ на колапс о многу подрачја.
Болсонаро и понатаму се противи на мерките
Но, претседателот Жаир Болсонаро продолжува да се противи на какви и да се мерки на сузбивање на заразата.
Тој тврди дека штетата за економијата би била полоша отколку влијанието на самиот вирус, па се обиде да укине некои мерки кои ги донесоа локалните власти на суд.
Во разговор со приврзаниците пред претседателската резиденција во вторникот ги критикуваше мерките на карантин велејќи дека се поврзани со дебелеење и депресија и дека водат кон невработеност. Не го коментираше бројот на починати.
Досега Бразил забележа 13 милиони случаи со корона вирус, спорен Министерството за здравство.Околу 66.570 луше во април починаа поради Ковид-19, што е двојно повеќе од минатиот месечен рекорд.