Браќа (19 и 20) од Африка исчезнаа со 3,6 милијарди долари во биткоини


Двајца браќа од Јужноафриканската Република исчезнаа со 3,6 милијарди долари вредност во криптовалутата биткоин.

Се сомневаат дека до тие пари дошле со измама преку својата фирма за вложување во криптовалути, пишува Блумберг.

Вложувачите сега ангажирале адвокатска фирма од Кејптаун од која велат дека не можат да ги лоцираат браќата и дека случајот го пријавиле до елитна единица во полицијата на ЈАР наречени „орли“.

На потег регулаторот, сè поголем е бројот на вакви измами во светот

По порастот на вредноста на биткоинот во изминатата година, исчезнување на 69.000 биткоини – вредни повеќе од четири милијарди долари на неговиот врв од тргувањето – би претставувало најголемо количество изгубени пари од измама со криптовалути.

Овој инцидент би можел да поттикне напори на регулаторите низ целиот свет да воведат ред во пазарот поради се поголемиот број вакви инциденти.

Браќата на возраст од 19 и 20 години основале фирма и наводно измамиле луѓе, па исчезнале со речиси четири милијарди долари.

Првите знаци на проблемот се јавиле во април кога биткоинот беше на рекордно ниво. Директорот на компанијата „Африкрипт“ Амер Каји (20), постариот од исчезнатите браќа, ги известил своите клиенти дека бил жртва на хакери. Побарал од нив да не го пријавуваат нападот кај адвокати и властите за да го успори процесот на поврат на исчезнатите пари.

Некои скептични вложувачи не му верувале, па ги ангажирале сопствените адвокати, односно фирмата „Ханеком“, додека одвоена група почнала процес на ликвидација против „Африкрипт“.

„Веднаш се посомневавме дека тука нешто не штима затоа што со објавата „Африкрипт“ ги молеше инвеститорите да не преземаат никакви правни мерки“, велат адвокатите од „Ханеком“.

„Работнисите на „Африкрипт“ изгубија пристап до платформата седум дена пред наводниот хакерски напад“, додаваат.

Парите исчезнале без трага, финансиските власти на ЈАР чешлаат
Со понатамошна истрага, адвокатите дошле до откритие дека сите пари од вложувачките фирми во „Африкрипт“ префрлени се од јужноафрикански сметки и паричници низ мешавина од различни други криптовалути за потешко да им се влезе во трага.

Со повикување на мобилниот на браќата се јавува секретарка. Каји и неговиот брат Раис (19), ја отвориле фирмата „Африкрафт“ во 2019 година и на почетокот на своите клиенти им нуделе огромни поврати на пари за вложување кај нив – дури и до десет отсто. Повиците до телефонот на Раис исто така завршуваат со секретарка.

Ова може да биде најголем случај на измама во светот на криптовалутите

Ова пак, не е прв случај на измама од овој тип во ЈАР. Минатата година пропадна „МИрор трејдинг интернационал“, фирмата која се занимаваше со трговија на криптовалути. Тогаш исчезнаа околу 23 илјади криптовалути во вредност од околу 1,2 милијарди долари, што е прогласено за најголема измама за 2020 година во светот на криптовалутите.

Засега, исчезнувањето на парите преку „Африкрипт“ е три пати поголем.

Случајот на „Африкрипт“ го чешлаат и јужноафриканските финансиски власти, но во моментот невозможно е да се отвори официјална истрага затоа што криптовалутите во таа земја не ги сметаат за легален финансиски имот. Полицијата, исто така, не се огласила по ова.

Кина во борба против криптовалутата

Проблем со криптовалутите има и Кина, посебно во изминатите недели каде ескалира нивната борба против тој облик на тргување. Имено, кога изминатата една годна вредноста на биткоин постепено зајакнуваше, Комунистичката партија на Кина беше се повеќе загрижена поради потенцијалните измами, перење пари и губитоци од страна на вложувачите во криптовалути.

Во ЈАР во јануари дневната вредност на тргувањето со криптовалути прв пат надмина 141 милион долари што сугерира значителен апетит на вложувачите на пазарот кој регулаторите главно не го контролираа, заклучува Блумберг.