Брајан Адамс в болница во Милано поради корона вирус
Италија– Канадскиот рок-пејач Брајан Адамс објави дека е во Италија и оди в болница, откако вторпат за помалку од еден месец бил позитивен на тест за Ковид-19.
Адамс пристигна во Милано за промоција на календарот на „Пирели“ за 2022 година.
– Тука сум, штотуку пристигнав во Милано и по вторпат за еден месец имам позитивен тест на Ковид. Затоа одам во болница, напиша рокерот на Инстаграм.
Тој, иако наводно бил вакциниран, и претходно бил позитивен – на 31 октомври, иако немал никакви симптоми, пред настапот во Рокенрол Хол на славните во Кливленд. Тој требаше да ја оддаде почитта на Тина Тарнер за време на церемонијата.
Адамс ги избра и фотографираше темите за годишниот календар на Пирели, објавен овој месец. Календарот содржи фотографии од 12 музичари, меѓу кои Иги Поп, Кали Учис, Шер, Џенифер Хадсон, Савити и Сент Винсент. Адамс првично планираше поинаков проект за календарот за 2021 година, но тој беше одложен поради Ковид. Кога Пирели му пријде да го направи тоа повторно, Адамс предложи да ги фотографија музичарите како да се на турнеја.
„Она што беше очигледно, поради Ковид, е дека никој не работи“, изјави Адамс за Гардијан. „Сите музичари на глобално ниво во основа застанаа, па му предложив на Пирели да направиме песна „на пат“, бидејќи тоа беше единственото нешто што не можевме да го направиме“.