Борис Џонсон во неочекувана посета на Украина (фото)


Поранешниот британски премиер Борис Џонсон неочекувано пристигна во Украина и ги посети градовите зафатени од војна во северниот дел на регионот Киев.

На социјалните мрежи се појави видео од Џонсон на улиците на Буча, пренесе „Гардијан“.

Потоа се појавија фотографии на Џонсон во Бородјанка.

Причината за неговата посета е од прва рака да види и слушне за злосторствата извршени од Русите во градовите во близина на Киев.