Борис Џонсон како Распутин – никако не „умира“

Британскиот премиер е во ужасна ситуација откако оставките во неговиот кабинет се редат како на лента


Борис Џонсон

 

Поранешниот шеф британските конзервативци во парламентот, Ендрју Мичел, го спореди политичкото преживување на премиерот Борис Џонсон со обидите да се убие озлогласениот руски мистик Распутин кога рече дека е „отруен, избоден“ и „застрелан“, но „сè уште живее“.

Влијателниот конзервативен пратеник говореше синоќа по оставките на министерот за здравство Саџид Џавид и министерот за финансии Риши Сунак.

Нивното заминување ја втурна владата на Борис Џонсон во хаос, при што премиерот се обиде да ја зацврсти својата позиција брзо заменувајќи ги своите поранешни колеги.

Сепак, Мичел изјави во телевизиско интервју дека времето на премиерот во Даунинг стрит „заврши“ и нагласи дека Џонсон мора „многу внимателно“ да размисли што е во „најдобри интереси“ на земјата и на Конзервативната партија.

Потоа, тој направи директна врска помеѓу инсистирањето на Џонсон да се одржи на власт и познатиот извештај за долготраен атентат на Григори Распутин во 1916 година.

Озлогласениот руски монах бил убиен од незадоволни благородници откако стекнал огромно влијание врз последниот руски цар Николај II и неговата сопруга Александра.

„Тоа е малку како смртта на Распутин. Тој е отруен, избоден, застрелан, неговото тело е фрлено во замрзната река и сѐ уште живее“, рече Мичел.

Денеска оставките на министрите и пратеници се редат како на лента. Џо Черчил поднесе оставка како министер за животна средина, критикувајќи го „шеговитиот, себичен“ пристап на Борис Џонсон кон лидерството.

Половина час пред него оставка поднесе Викторија Еткинс, помлад министер за внатрешни работи, нагласувајќи дека „интегритетот, пристојноста, почитта и професионализмот“ треба да бидат важни.

Претходно во средата оставка поднесе Вил Квинс како министер за деца, откако беше испратен да ја брани владината позиција во скандалот „Пинчер“ во понеделникот наутро, став што беше превртен за неколку часа.

Квинс рече дека „нема избор“ откако се појави на телевизија да го брани Џонсон користејќи ги брифинзите на Даунинг стрит, „за кои сега е откриено дека се неточни“, додаде тој.

Набргу потоа, министерот за училишта, Робин Вокер, кој беше старешина на низа министерски позиции под раководството на Џонсон и на Тереза Меј, рече дека се повлекува.

„За жал, неодамнешните настани ми ставија до знаење дека нашата голема партија, за која водев кампања целиот мој возрасен живот, се оддалечи од нејзините основни мисии поради немилосрдното фокусирање на прашањата околу лидерството“, напиша Вокер во писмото до премиер.

Достигнувањата на Џонсон, додаде Вокер, станаа засенети од грешките и прашањата за интегритетот.

Во уште еден удар за Џонсон, водечкиот пратеник Роберт Халфон во средата објави дека повеќе не може да го поддржува премиерот, велејќи дека чувствува дека „јавноста е доведена во заблуда“ поради оставката на Пинчер по дополнителните обвинувања за пипкање, бил катализатор за ескалација на кризата.

Во парламентот почнаа неделните прашања за премиерот, на кои се очекува тој да биде брутално да биде испрашуван од опозицијата, а како што јавија британските медиуми, клупите  на кои што седат конзервативните пратеници зад него се забележително полупразни.