Бојко Борисов би се откажал од премиерската функција

Лидерот на ГЕРБ постави услов претседателот на парламентот да биде од ГЕРБ за да има преговори за коалициска влада


 

Формирањето на новата влада во Бугарија нема да биде така лесно.

Лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов, кој однесе убедлива победа на изборите, се согласи да се откаже од премиерската функција, но тоа бил единствениот компромис. И тој компромис го правел со самиот себеси затоа што неговата партија нема толеранција за „Продолжуваме со промената“.

„Демократска Бугарија (вториот дел од коалицијата ПП-ДБ – н.з.) е друга работа, јас не сум во кавга со нив. Јас сум единствен поддржувач на ПП во ГЕРБ. И тоа не го разбраа“, рече поранешниот премиер.

Неговиот главен услов е личност од ГЕРБ да биде избрана за претседател на парламентот. Ако ГЕРБ ја добие таа функција партијата ќе учествува во преговорите за формирање на кабинет.

„Моја одлука и на мојата партија, истата е, ќе биде изборот на претседател на парламентот. Со овие резултати, со оваа решавачка и блескава победа на ГЕРБ, парламентаризмот бара спикерот да биде од ГЕРБ. И ако тие одлучи да прават ујдурми, нема да учествуваме во разговори со никого затоа што тоа не е фер, не е парламентарно“, рече Борисов во понеделник.

Според него, овие избори ќе покажат дали Преродба, ПП-ДБ, ИТН и БСП го почитуваат гласот на народот.„Изборот на претседавач ќе одлучи дали ќе понудам консултации“, посочи тој.

ПП-ДБ веќе најави дека нема да поддржи кандидат на ГЕРБ и може да предложи свој кандидат за шеф на парламентот, а едно од неофицијално споменатите имиња е и на копретседателот на ДБ, Атанас Атанасов. Борисов ова го смета за неприфатливо.

Тој уште рече нема да работи ниту со луѓето поделената партија ДПС, ниту со луѓето на Ахмет Доган, ниту со луѓето на Дељан Пеевски.