Боб Вудворд: Трамп знаел дека коронавирусот е смртоносен
САД – Американскиот претседател, Доналд Трамп, во интервју со новинарот на Вашингтон пост, Боб Вудворд, изјавил дека САД поседуваат „системи на оружје за кои никој не знае“. Во меѓувреме, новинарот дознал дека претседателот знае дека коронавирусот е смртоносен но намерно ги водел Американците во заблуда.
Интервјуто е дел од новата книга на Вудворд насловена „Гнев“, што излегува во продажба на 15 септември.
Тој и Карл Бернштајн се двајцата познати новинари на весникот кои го открија скандалот „Вотергејт“ и известуваа за него од 1972 до 1974 година, што доведе до оставка на Ричард Никсон, експретседателел на САД,
Од неколку разговори со Трамп годинава во февруари и март, Вудворд дознал дека претседателот знаел дека коронавирусот е посмртоносен и поопасен од грипот, но дека намерно ги водел Американците во заблуда „да не се шири паника“.
На почетокот на кризата во тогашните свои изјави, Трамп постојано ја минимизираше опасноста и тврдеше дека коронавирусот ќе го снема набргу како сезонски грип. Шест месеци подоцна, САД се најзаразена земја во светот со најголем број починати од Ковид-19 – речиси 192.000.
Од весникот сметаат дека во разговорите со Вудворд Трамп наводно открил доверливи информации и посочил на разработен нов атомски вооружен систем што не може да се спореди со оние во посед на Русија и Кина.
На прашање од новинар синоќа пред да замине на предизборен митинг во Мичиген дали тој споделил класифицирана информација кога кажал дека никој не знае за такви оружја, тој изјави дека САД имаат „одлични оружја“.
-Имаме одлични, одлични оружја… Тоа се системи за кои никој не знае, вклучитело и вие, и така треба и да остане…Имаме некои неверојатни системи, изјави Трамп за новинарите синоќа, пред да замине во Мичиген.
Тој укажа дека во последните три и пол години САД за армијата потрошиле 2.5 трилиони долари и дека вооружените сили на САД сега се посилни од кога било.
-Сега имаме нови ракети и проектили. Се надевам на Господ дека никогаш нема да им потреба да се искористи, но нашето атомско оружје сега е во најдобра кондиција од кога било во изминатите децении, кажа претседателот.