Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс станаа родители по четврти пат


САД- Блејк Лајвли се огласи со симпатична објава на „Инстаграм“ и откри дека таа и нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс го дочекале своето четврто дете заедно.

Во најновата објава на социјалната мрежа, каде сподели и фотографија од неа по породувањето заедно со сопругот и неговата мајка, актерката напиша: „Бев зафатена!“

Ѕвездата на Gossip Girl (35) блеска со весела насмевка стоејќи помеѓу сопругот ѕвезда на Deadpool (46) и неговата мајка, Тами, додека им покажува на фановите дека повеќе нема труднички стомак.

Двојката која се венча во 2012 година, веќе ги има ќерките Џејмс (7), Инез (6) и Бети (3).