Бизнисот на Кристијано Роналдо и Рафаел Надал ненадејно пропадна – траеше само три години

„Тото“, италијански ресторан во срцето на Мадрид, основан и во сопственост на Кристијано Роналдо и Рафаел Надал, ненадејно се затвори по само три години работа.
Ресторанот „Тото“ во Мадрид ненадејно се затвори и тоа е „трајна одлука“, пренесува Ел Национал.
Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо и еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Рафаел Надал, се здружија за да инвестираат во ресторан кој беше отворен во март 2022 година.
Станува збор за ресторан кој е дел од познатата група Тател, а заедно со Надал и Роналдо, партнери во проектот беа Руди Фернандез и Пау Гасол, ѕвезди на шпанската кошарка.
Ресторан „Тото“ беше италијански ресторан во срцето на Мадрид познат по своите тестенини карбонара, наречени „Вера Карбонара де Тото“. Тоа е автентично гастрономско искуство, па на сите им е нејасно зошто е засекогаш затворен.
Сестринските ресторани на компанијата во Дубаи и Абу Даби засега се отворени, но прашање е дали тие ќе останат така, вели истиот извор.
Тото беше дел од огромната деловна империја на Роналдо. Водечки на патот се неговиот сопствен бренд за облека, клиника за трансплантација на коса, неколку спортски сали и терени, како и рекорден канал на YouTube. Роналдо планира во иднина да инвестира во фудбалот со купување на еден од клубовите.