Бизарен тренд: Сирово и расипано месо е новата дрога на младите


 

Со пандемијата од корона вирус, луѓето, се почесто младите, почнаа нов кулинарски тренд – конзумација на расипано, сирово месо.

Причината за ваквото однесување се огледува во непостоењето ноќен живот на младите поради пандемијата од Ковид-19. Сировото и расипано месо претставува јак опијат кој, како што истакнуваат повеќето млади лица, им помага да се опуштат од стресниот и напнат начин на живот.

Имено, за сировото месо да биде доволно силен опијат, неопходно е одредена количина месо да стои неколку дена или месеци надвор од фрижидерот. Кога месото ќе почне да скапува, поради појавата на одредени бактерии кои го деконстуираат, тогаш е спремно за јадење.

Сировото и расипано меси пружа силно чувство на опиеност, и според зборовите на младите, претставува најдобар опијат од сите останати.

Во интервју за познатиот таблоиден весник „Сан“, докторката Сара Џарвис истакнува дека овој тренд е многу опасен по здравјето на луѓето, затоа што може да предизвика одредени дигестивни проблеми, како и појава на специфични бактерии, салмонела, ешерихија коли и листерија.

Сè уште не е познато која суптсанца во сировото месо предизвикува чувство на опиеност, но се претпоставува дека е некоја од наведените бактерии која ствара такво чувство.