Беснее пожар во Италија, евакуирани стотици жители
Пет лица се повредени, меѓу кои и девојче, а 30 се затруени од чад, во пожарот кој изби во јужниот дел на италијанскиот град Пескара.
Евакуирани се 800 луѓе од старечки дом, манастир со чесни сестри, многу мештани од своите куќи и туристи кои се затекнале на тој дел од брегот, јавува Аги.
Изгорена е заштитена зона, односно природен резерват Пинета Денунцијана. За сега утврдено е дека пожарот тргнал од три страни, што е речиси сигурно дека е подметнат. Обвинителството на Пескара отвори случај, а истрагата треба да тврди дали се работи за пироман или во заднина се пресметките на криминалци кои се надеваат на преиначување на категоризацијата на земјиштето.
Но, во Италија постои закон кој забранува на земјиштето, уништено со пожар, да му се пренамени употревата. Според законот, намената треба да остане иста како пред пожарот. И во други делови на Италија горат пожери, на Сицилија, Сардинија и во Абрузо, 15 активни пожари кои дополнително разгоруваат поради жешкиот ветар.
Цивилната заштита дпбила 43 повици за помош во последните 24 часа.