Беснеат пожари во Бразил – вонредна состојба во државата Мато Гросо до Сул
Бразилската влада прогласи вонредна состојба во државата Мато Гросо до Сул поради пожарите во Пантанал, најголемото тропско влажно подрачје на светот.
Агенциите за заштита на околината, војниците и локалните пожарникари се обидуваат да ја сопрат огнената стихија.
Со прогласување на вонредната сосотојба се овозможува пристап до сојузната благајна од каде може да се повлечат средства за ситуацијата да се стави побрзо под контрола, но за сега не е познато колкава ќе биде таа помош.
Од почетокот на годината досега забележани се 14.489 извори на оган, додека во истиот период лани биле забележани 4.669 извори. Пожарите само оваа година проголтаа 10 отасто од површината на Пантанал.
Според бразилските медиуми, зафатено е подрачје колку Израел.
Тлото во Пантанал е суво, а доволна е само искра за да почне пожар. Палењето е најлесен и најевтин начин за земјоделците да го расчистат земјиштето од остатоци и да го подготват за садење, но понекогаш излегува од контрола и настанува пожар.
Како и На Амазонија и на Пантанал му се заканува опасност од заземање на земјиштето за напасување на стоката и за садење соја.
Пантанал е живеалиште на многу видови живтни, кои во моментот, се загрозени од пожарите.