Бебето од омотот на „Nevermind” го изгуби случајот со „Нирвана“
САД – Американскиот Суд ја отфрли и последната тужба на Спенсер Елден против „Нирвана“ поради легендарната корица на албумот на хеви-метал бендот од 1991 година – „Nevermind”, на којашто Елден е сликан гол како бебе.
Елден (31) тврдеше дека неговото појавување на омотот е сексуална злоупотреба на дете. Но, судијата рече дека Елден чекал премногу долго за да тврди дека бил експлоатиран. Тој бараше отштета од 150.000 долари од живите членови на „Нирвана“ – Дејв Грол и Крис Новоселиќ, од вдовицата на поранешниот пејач Курт Кобејн – Кортни Лав, неколку издавачки куќи и од фотографот Кирк Ведл.
„Нирвана“ на насловницата користеше фотографија направена од Ведл 1991 година во Пасадена, Калифорнија САД. Од албумот „Nevermind“, продадени се повеќе од 30 милиони примероци.
Инаку, Елден ја изимитирал, т.е. ја повторил својата поза и за 10, 17, 20 и 25-годишнината од пуштањето на албумот.
Правните патишта на Елден сега се целосно исцрпени, и тој не може повторно да поднесе тужба.