Беса нема да се противи ако Алтернатива на Гаши сака да влезе во Владата
Алтернатива има мал број на гласови во Тетово, но доколку сакаат можат да гласаат за Теута Арифи, рече генералниот секретар на БЕСА Аријанит Хоџа, кој воедно е министер за земјоделство.
-Ако со тоа (Алтернатива) сака да влезе во Влада, ние од Беса, исто така, немаме ништо против – вели Хоџа на ТВ 21.
Тој смета дена коректна е изјавата на премиерот Зоран Заев граѓаните да гласаат по свое убедување во Тетово, каде партискиот лидер Биљал Касами во вториот круг ќе се бори со Арифи од ДУИ.
-Спремен сум да се откажам од министерството само за да го добиеме Тетово – истакна Хоџа.
Инаку, поддршка за Касами најави Алијанса за Албанците на Зијадин Села, но на тоа се спротивстави нивниот коалициски партнер Алтернатива на Африм Гаши.