Барак Обама е вториот американски претседател кој освоил награда Еми


 

САД- Поранешниот американски претседател Барак Обама ја доби наградата „Еми“ за најдобар наратор во документарната серија на „Нетфликс“ наречена „Нашите големи национални паркови“, јавува Би-Би-Си. Продуцентската куќа на Обама „Хајер Граунд“ стои зад серијата од пет дела за националните паркови ширум светот.

Серијата прикажува природна убавина на пет континенти и значајни локации, вклучувајќи ги Патагонија и Индонезија.

Други номинирани за најдобар наратор беа Дејвид Атенборо, Лупита Нионго и Карим Абдул Џабар.

Обама и неговата сопруга Мишел ја основаа продуцентската куќа „Higher Ground“ склучувајќи договор со „Netflix“ за кој се претпоставува дека вреди десетици милиони долари.

Обама ја освои „Еми“ откако претходно освои две Греми.

Обама стана вториот американски претседател кој освоил „Еми“ по Двајт Ајзенхауер, кој ја добил оваа чест во 1956 година.

Обама доби Греми за аудио верзии на неговите мемоари „The Audacity of Hope“ и „Dreams of My Father“.