Балтичките земји протераа руски дипломати


 

Балтичките земји, Литванија, Летонија и Естонија, наредија да си заминат четворица руски дипломати кои работат во амбасадите, за да покажат солидарност со Чешка, рекоа нивните шефови на дипломатијата.

Литванија дома праќа двајца руски дипломати, а Летонија и Естонија по еден, Протераните дипломати користеле дипломатско покритие за шпионирање, рече пред новинарите литванискиот министер за надворешни работи Габриелиус Ландсбергис.

„Во ЕУ треба да има помалку прикриени руски шпиони. Нашите чешки колеги расветлија до сега невидени активности“, рече тој.

Чешка минатата недела, рече дека двајца руски шпиони се обвинети за труење на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал, со нервниот отров во Британија 2018 година и стојат за експлозијата во чешкиот магацин за оружје која во 2014 година усмрти двајца.

Литванија во четвртокот ги повика членките на НАТО за солидарност со Чешка која во саботата протера 18 руски дипломати, додека во четвртокот нареди Русија да отстрани поголем дел од својот дипломатски персонал.

Потоа Русија протера 20 чешки дипломати.

Русија ја обвини и Полска и протерува нејзини дипломати

Русија во петокот ја обвини Полска за уништување на односите и потврди дека протерува пет полски дипломати во знак на одмазда за исфрлање на тројца руски дипломати.

Даде и ток за петмината полски дипломати до 15 мај да ја напуштат земјата, а полското протерување на руските дипломати фо осуди како апсурдно.

„Ова беше уште една потврда дека Варшава свесно настапи кон понатамошна деградација и деструкција на нашите билатерални односи“, велат од таму.

Полска пак, ја осуди руската одлука за протерувањето на нејзините пет дипломати како агресивна акција чија цел е да се запалат односите со соседот, додавајќи дека си зема за право да реагира на соодветен начин.

Одлуката на руската страна е еден пример на агресивна политика и намерен гест чија цел е да се запалат односите со соседот и со целата меѓународна заедница“, се вели во соопштението на полското министерство за надворешни работи.