Бајден заплака при последниот говор пред инаугурацијата


 

Новоизбраниот претседател на САД Џо Бајден се расплака при одржувањето на последниот говор пред заминувањето во Белата куќа.

Бајден им се обрати на жителите на родниот Делавер заблагодарувајќи им се на сите кои го поддржале.

„Сето ова го сфаќам многу емотивно. Бевте покрај мене во добро и во зло, целата моја кариера. Целото мое семејство ви е благодарно за тоа. Вредностите кои семејството Бајден ги цени, она што сакаме да го постигнеме, она како го гледаме светот – сето тоа доаѓа од нашиот сом, Од Делавер“, рече Бајден.

Го спона и својот син, генералот Бо Бајден, кој почина во 2015 година. Истакна дека среќен е што својата порака ја дели со граѓаните токму пред центарот на Националната гарда, кој е наречен по неговиот син.

„Ја сакаше својата татковина. Единствено нешто за што жалам е што не е овде денес, затоа што него ќе требаше да го прогласиме за претседател“, рече Бајден.

Додаде дека е свесен оти во моментот сме во „мрачни времиња“, но како и секогаш може да се пронајде светло: „Тоа е она што оваа дрѓава ја прави посебна“.