Бајден верува дека Нетанјаху не сака мир за да му преживее владата
Нетанјаху долго време се соочуваше со такви критики, но тие се интензивираа неодамна бидејќи екстремно десничарските коалициски партнери се заканија дека ќе ја соборат неговата влада доколку тој склучи договор за Газа, што ќе стави крај на војната без да се елиминира Хамас.
Во петокот Бајден го претстави предлогот за прекин на огнот во Појасот Газа, а ќе се одвива во три фази. Според него, првата фаза од предложениот договор би траела шест недели и би вклучувала целосен прекин на огнот, повлекување на израелските сили од сите населени области на Газа и ослободување голем број заложници, вклучувајќи жени, постари и ранети, во замена за ослободување стотици палестински затвореници.
САД во понеделникот објавија дека сакаат Советот за безбедност на ОН да усвои резолуција за поддршка на предлогот за ставање крај на конфликтот меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас во Појасот Газа. За да се усвои резолуцијата, потребни се минимум девет гласа „за“, а Франција, Велика Британија, Кина или Русија не ставаат вето.
Високиот комесар на Обединетите нации за човекови права, Волкер Тирк, вчера го поддржа договорот за прекин на огнот во Појасот Газа што го претстави американскиот претседател Џозеф Бајден нагласувајќи дека ситуацијата на палестинската територија е катастрофална.
„Во Газа се прекршени нормите и стандардите на водење на војната, така што секоја иницијатива што може да доведе до крај на војната е добредојдена“, рече Турк на прес-конференција за време на дводневната посета на Малезија, пренесува „Ројтерс“.